Школа за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“ по четврти пат во Смојмирово
Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во с.Смојмирово, Беровско, од 26 до 28 август по четврти пат ќе биде одржана Школата за црковно пеење од византиската традиција „Андон Шахпаски“.
Во чест на преродбенското дело на овој црковно – музички деец и неговите следбеници, обновената Школа за црковно пеење од византиската традиција во Смојмирово, која го носи името на нејзиниот втемелувач – Андон Шахпаски, со своите активности го реафирмира црковното пеење од византиската традиција во Македонија.
Свеченото отворање е утревечер во 18.00 часот во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Смојмирово, со настап на камерниот хор „Херувими“, кој ќе изведе црковно – музички творби од византиската традиција од македонски автори.
За дејноста, пак, на црковно – музичките дејци Андон и Аралампие Шахпаски, ќе говорат проф. д-р Јане Коџабашија и д-р Мирјана Павловска Шулајковска.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар