Loading Video...
Ракомет
10. November 2019 - 16:00

Шишкарев и Карачиќ едногласни: Дуелите меѓу Вардар и Киелце секогаш биле неизвесни

Вардарци во отсуство на неколкумина повредени стандардни првотимци одиграа нерешено 28:28 во дуелот со полскиот Киелце. 
 
Но и оние кои настапија на мечот во „Јане Сандански“ се бореа до крај во обид да стигнат до победа, истакна крилото Шишкарев. 
 
„Играчите кои беа на терен дадоа се од себе. Против Киелце мечевите секогаш се тешки, мора да покажеш карактер. Благодарност на публиката што не држеше „живи“ и ни даде самодоверба. Сите го почувствуваме тоа, така издржавме, па и дојдовме дури до шанса да дојдеме до два бода“, изјави Шишкарев.
 
Полскиот состав успеа да ја прекине традицијата, но не и да ја оствари својата цел, да стигне до двата бода, потенцира екс вардаровецот Игор Карачиќ
 
„Изминатите години Вардар тука славеше со Киелце, но сега тоа го прекинавме. Имавме расположен дух, се надевавме на победа. За мене овој меч беше посебен, од една страна уживав, од друга страна не бев присутен на натпреварот тоа можеше да се забележи во играта“, изјави по мечот Хрватот. 
 
Овој меч беше само „прво полувреме“ од дуелот на овие два тима, кои веќе во сабота (16 ноември од 18 часот)  во Полска ќе се играат повторно меѓусебно во рамките од 8.коло