„Шишка Делукс“ на Цвитковиќ го затвора 14. „Синедeјс“

Со прикажување на филмот „Шишка Делукс“ на режисерот Јан Цвитковиќ вечер во Кино Милениум ќе биде затворено 14. издание на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“.
Филмот е приказна за тројца пријатели од детството: Федр, Миле и Зекир, коишто се свесни дека веќе не се млади, но не знаат како да пораснат. Веќе се обиделе да го сторат тоа на најразлични начини, но никогаш ништо не сфаќаат сериозно и затоа не можат да успеат. Кога на едниот од нив ќе му почине тетката, тие решаваат да се обидат да отворат пицерија. На почеток, ова се чини како уште еден проект осуден на пропаст, благодарение на нивните нерешени проблеми. Сепак, таинствената Милена се појавува во вистински момент, со цел да им помогне на безнадежните угостители.
Филмот ги следи подемите и падовите на протагонистите, и во приватниот и во професионалниот живот. Сепак, дури и вечно младите мажи на крајот мораат да пораснат и токму тоа им се случува на главните ликови во филмот „Шишка делукс“.
Во Кино Фросина во терминот од 21 часот е филмот посветен на музичката легенда „Ејми“ во режија на Асиф Кападиа, кој е ностител на бројни награди на фестивали.
Ејми Вајнхаус, редок талент, беше музичар што многу брзо го сврте вниманието на светот. Чист џез изведувач во најавтентична смисла што пишуваше музика и пееше од срце вложувајќи ја својата музичка дарба за да се обиде преку тоа да ги анализира сопствените проблеми. Спојот од нејзината сурова искреност и огромниот талент резултира со едни од најуникатните и најслушаните песни во модерната ера. Постојаниот и нападен публицитет, заедно со нејзините несреќни врски, светската слава и бурното живеење доведоа до трагичен тек на нејзиниот живот. Како општество го славевме нејзиниот огромен успех, но и многу брзо ги судевме нејзините недостатоци. Талентот што на почетокот ја возвиши, потоа беше причина за нејзината пропаст.
Ново на Сител
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
