Ширер: Искрено, не гледам опција во која можете да му ја дадете титулата на Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Англија, Алан Ширер, го коментираше суспендирањето на Премиер лигата поради коронавирусот. Тој не се сложува на лидерот на табелата Ливерпул да му се додели трофејот административно.
– Не можете да добиете победник и губитник доколку сезоната не заврши. Без разлика колку е сурово и страшно тоа да звучи за некои клубови, а најлошо од сè – за Ливерпул, ова е единствениот излез. Ако не можете да ги одржите сите натпревари, не можете да одите и да дадете титула или да одредите кој треба да испадне, изјави Ширер.
За Ливерпул, тоа би било неверојатно сурово. Но, не гледам опција во која тие искрено можат да ја добијат титулата, дури и ако се земе предвид дека никој веројатно нема да може да ги стигне. Потребни им се само шест бода за да го обезбедат трофејот, но сè уште ги немаат тие бодови на своето конто. Сезоната мора да се прогласи за неважечка, дополни Ширер.
Ново на Сител
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
-

Запленети девизи, цигари, употребуван мотор, алкохолни пијалоци, автобус со бункер, лекови и друго | ФОТО
-

Балкански рис со младенче снимен на Шар Планина | ВИДЕО
-

На Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме, постапка против Општина Струга
-

Кривична за лице-државен просветен инспектор, психички малтретирал наставничка за да напише изјава каква што тој сакал
-

Двајца ресенчани нападнале полицајци со тврди предмети
-

19-годишник пронајден починат во неговиот дом во скопско
