-->
-->
Ширеле страв на социјални мрежи по земјотресите: Приведени околу 160 лица во Турција
-->
Вкупно 157 лица во Турција се приведени поради ширење провокативни објави на интернет по разорните земјотреси на 6 февруари, соопшти Генералниот директорат на турската полиција.
Во соопштението се наведува дека во рамките на овластувањата дадени со закон, Единицата за компјутерски криминал работи деноноќно.
Идентификувани се 1.139 лица со профили за кои се верува дека објавиле провокативна содржина поврзана со земјотресите на платформите на социјалните медиуми. Се верува дека објавите биле со цел да се создаде страв и паника меѓу турските граѓани, истакнува ТРТ-Хабер.
Против 651 лице е поведена судска постапка, приведени се 157, а на 29 им е одреден притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација