Шин Бет размислува да одвои околу 1,3 милиони долари за дополнителна заштита на Нетанјаху

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и безбедносната служба Шин Бет последните денови разговараа за заштита на вилата на семејството Нетанјаху во Цезареја, по нападите со дронови врз приватната вила на премиерот минатата сабота, во која оклопните прозорци беа оштетени.
Истовремено ќе се испитува и заштитата на премиерската резиденција во Балфур, а работата би можела да чини и до 1,3 милиони долари, пренесуваат израелските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.
На разговорите беа поканети експерти за одбрана, кои ги анализираа сите закани за домот и дадоа предлози за значително подобрување на одбраната.
Буџетските трошоци сè уште не се утврдени, но се проценува дека работата за заштита на куќата во Цезареја би можела да изнесува помеѓу околу 800,000 и 1,300. 000 долари.
Истовремено, се испитува и заштитата на премиерската резиденција на улицата Балфур во Ерусалим, која е среде реновирање во вредност од околу 12 милиони долари.
Се разгледуваат и планови за изградба на резиденција и нов премиерски кабинет, за да можат да одговорат на новите закани. -Буџетот за заштита на домот на премиерот во Кесарија се уште не е утврден.
Безбедносните прашања за домот на премиерот, како и сите безбедносни прашања се одговорност на Шин Бет и се разгледуваат во согласност со нивните надлежности, се наведува во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.
Неколку дена по нападот, израелските одбранбени сили објавија дека експлозијата го пукнала стаклото во прозорецот од спалната соба, но дека внатрешноста на домот на Нетанјаху е неоштетена, поради армирано стакло и други заштитни мерки
Ново на Сител
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
