Шимон Перес во стабилна, но тешка состојба

Поранешниот израелски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Шимон Перес е во стабилна, но тешка состојба, изјави изутринава Јицак Крејс, директор на болницата покрај Тел Авив, во која тој вчера беше сместен по претрпениот мозочен удар.
- Перес ја мина ноќта без компликации, додаде Крејс.
Портпаролот на поранешниот претседател изјави дека 93-годишниот Перес се уште е ставен на апарати за дишење на одделението за интензивна нега.
Перес во јануари претрпе лесен инфаркт и пред една недела му беше вграден пејсмејкер.
Шимон Перес кусо време беше премиер меѓу 1984 и 1986 година и за период од осум месеци по убиството на премиерот Јицак Рабин во 1995 година. Подоцна тој беше избран за претседател и ја заземаше позицијата во периодот 2007-2014 година. На меѓународната сцена имаше репутација на борец за мир и во 1994 година заедно со палестинскиот лидер Јасер Арафат беше удостоен со Нобеловата награда за мир за потпишување на мировните согодби во Осло.
Ново на Сител
-

Над пет килограми марихуана пронајдени во возило на кумановец
-

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
-

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
