Македонија
3. September 2020 - 20:02

Шилегов за Сител: Градот да ги преземе инспекциите за да спречи дивоградби

Скопскиот градоначалник бара наместо општините, градот да ги преземе инспекциските служби во Скопје за да спречи диво градење како во случајот Мавровка.

"Има пррмногу простор за институционален пинг-понг", рече Шилегов во Дневникот на Сител. "Ние сега за жал немаме градежна инспекција и немаме надлежност за дивоградби како Матка, Мавровка, Кале. На општините треба да им се одземе инспекцијата, санкционирањето мора да биде под град Скопје", рече Шилегов во гостувањето.

 

 

Славица Арсова