Шилегов: Во скопската ЗОО ќе се прави аквариум по европски стандарди
Скопската зоолошка градина е гордоста на Скопје – една од најпозитивните скопски приказни во последните 4 години. Станува збор за најпосетената институција во државата, а во последните години омилено место на сите скопјани. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги претстави новите инвестиции во скопската зоолошка градина во претстојниот период.
- Во следниот мандат планираме две големи инвестиции тука. Со цел пред сè за поголема благосостојба на животните, но и нови современи живеалишта по светски стандарди, во Зоо Скопје правиме савана-простор од околу 20 000 м2, каде што зебри, ноеви, антилопи и други африкански животни ќе живеат заедно, налик на саваните во Африка. Идејата е животните да имаат што поприроден и поголем простор за живеење, ограден од посетителите со водена бариера, изјави градоначалникот Шилегов.
- И втората инвестиција на која сум особено горд е скопскиот аквариум. Скопскиот аквариум ќе биде прв во државата, по теркот на аквариумите во големите европски метрополи. Аквариумот ќе биде на два ката-првиот кат со морски свет, а вториот кат со терариум и палудариум, додаде Шилегов.
- Скопје Аквариум пред сè ќе биде едукативен центар, каде што посетителите ќе може одблизу да се запознаат со морскиот свет, тропски видови и видови кои доаѓаат од дождовните шуми кои тематски ќе бидат поделени во неколку зони, а чии услови за живот ќе бидат најблиску до природните, потенцираше Шилегов.
- Последно и не помалку важно за едукацијата на децата е што во МКЦ целосно ќе го реконструираме планетариумот. Популарното место кое изградено уште во 70-тите ќе добие нов лик, најави Шилегов.
- Скопје станува регионална туристичка атракција со сите нови содржини кои ги воведуваме. Дино паркот привлечува туристи од регионот, Зоолошката градина е најпосетена институција во земјата и заедно со забавниот парк кој ќе биде најмодерен на Балканот Скопје ќе го развива туризмот, но и ќе овозможи ја скопјани забава и едукација до европски терк, нагласи Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање