-->
-->
Шилегов: Се отвора можност за разрешување и именување нов член на ДИК
-->

Со измените и дополнувањата на Изборниот законик се отвора можност за започнување постапка за разрешување на еден од членовите на Државната изборна комисија (ДИК) и именување на претставник на движењето БЕСА, изјави денеска пратеникот Петре Шилегов од СДСМ.
Според него, со скратени рокови за избор на нов член на ДИК би можело да се стаса пред локалните избори да се иманува нов член на Комисијата, со што исто така би се рефлектирала актуелната состојба.
- Се воведуваат одредби за разрешување на политички претставници во ДИК за да може да се преслика ситуацијата во ДИК - двајца претставници од најголемата владејачка партија, еден од втората, двајца од најголемата опозициска партија и еден од втората по големина опозициска партија. Во случајов претставник којшто ќе треба пред започнување на изборната постапка да го именува БЕСА, рече Шилегов.
Измените и дополнувањата на Изборниот законик денеска беа изглсани во Собранието откако беше постигнат политички договор меѓу парламентарните партии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
