Шилегов на увид во градежните активности за реконструкција на булеварот „Крсте Мисирков“
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ.
Градежните активности се одвиваат на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај „Мавровка“ во должина од 550 метри. За реконструкција на оваа сообраќајница, Град Скопје од Буџетот издвои околу 32 милиони денари, а реконструкцијата е предвидено да заврши во рок од 45 дена.
– Пред две години завршивме со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, го реконструиравме и булевар „Кочо Рацин“ на потегот од булевар „К.Ј.Питу“ до булевар „Св. Кирил и Методиј“, изјави Шилегов.
Истакна дека во однос на извршените градежни активности во изминатите две години, главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница, е во одлична состојба.
Тој додаде дека реконструкциите на сите улици од годинашната градежна офанзива ги завршуваат во рекордно кратки рокови со цел да се создадат услови за одвивање на сообраќајот без метеж.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка