Шилегов на средби со жители на Лешок
Ностителот на листата за пратеници во Шестата изборна единица од опозициската коалиција предводена од СДСМ, Петре Шилегов, денеска посети повеќе приватни погони во село Лешок, општина Теарце, а се сретна и со жители на ова село.
Главни теми за разговор, како што рече Шилегов, биле проблемите со ниските плати, невработеноста и иселувањето на младите. - Тука сме да го соопштиме нашиот План за живот во Македонија што ќе овозможи вработување на младите, зголемување на просечната плата во Македонија до 2020 година во висина од 30 илјади денари, а минималната плата на 16 илјади денари. Тука разговаравме и за нивното секојдневие, бесправната сеча на шумите, за недостатокот на канализација во општина Теарце во 21 век, изјави Шилегов.
Во Македонија, додаде, мораме да ја придвижиме економијата и да запре иселувањето на младите.
- Приватните погони што ги посетивме во Лешок се пример за тоа како треба да изгледа економијата и тие и сличните на нив ќе добијат државна помош што за следните четири години треба да изнесува 140 милиони евра. Нашата цел е да го шириме планот за живот во Македонија и да изградиме демократска, современа и европска Република Македонија, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје