Шилегов и Богоев во увид на градежните работи за фекална канализација во Злокуќани
Градоначалниците на Скопје Петре Шилегов и на општина Карпош, Стефан Богоев, и директорот на ЈП Водовод и Канализација – Скопје г-дин Душко Весковски, денеска извршија увид на работните активности за изградба на уличната фекална канализација на ул.„Скупи“ во Злокуќани.
Во оваа фаза од решавањето на проблемот со фекалната канализација во населбата Злокуќани е опфатен дел од улица „Скупи“ на потег од патот за Бардовци до крстосницата – семафорите кај улица „Скупи“ 3.
Со реализација на фекалната канализација од Ø300 mm ќе се решат постоечките проблеми на жителите на објектите кои гравитираат кон улицата „Скупи“. Реализацијата на овој проект отвора можност приклучоците од објектите да се пренасочат на новата фекална канализација која ќе минува по јавна површина, односно на дел од ул. „Скупи“ која ќе биде достапна за понатамошно одржување од страна на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.
Инвестицијата на ЈП Водовод и Канализација – Скопје во овој проект изнесува околу 4.000.000,00 ден.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза