Македонија
20. October 2021 - 16:44

Шилегов и Арсовска ја продолжија кампањата

Шилегов очекува поддржувачите на ДОМ и ЛДП да гласаат по сопствено убедување на 31 октомври. Но тој не губи надеж дека поголем дел од граѓаните кои ја поддржуваат оваа колација ќе го дадат гласот токму за него.

Освен што Шилегов  го коментираше ставот на двете партии кои посочија дека нема да застанат позади никој еден кандидат во вторит круг, тој и денеска претстави проекти кои ги започнал. Со изградбата на  улицата Есенинова која ќе ги поврзува булеварите Трета македонска бригада и булеварот Борис Трајковски Шилегов ќе го решава проблемот со сообраќајниот метеж кај тутунски комбинат.

И неговата против кандидатка  Данела Арсовска не губи време.  Арсовска заедно со новоизбраниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски ветија изградба на центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ компании.

Изборната кампања ќе трае до следниот петок, односно завршува на 2 дена пред вториот круг од изборите.