Шилегов: Болницата е во совршено добра состојба

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил сподели фотографии од поставената болница.
„Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени “ликови” во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантсво во услови на вонредна состојба.
Драги “душегрижници”, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето.
Искрено се надевам дека нема да има потреба да се користисти овој капацитет. Што се однесува до Вашата “човечност” и политикантство, сакам да верувам дека правевте првоаприлска шега со слики и констатации од 7 часот утрово. Ако не Ви било шега, тогаш тоа повеќе зборува за Вас, какви “луѓе” сте Вие всушност. Јас лично, на секого од Вас, без оглед кои сте и какви сте (како луѓе), Ви посакувам добро здравје“, вели Шилегов.

Ново на Сител
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
