Македонија
15. April 2020 - 12:56

Шилегов: Бездомните животни ќе ги хранат активистите кои имаат дозволено двочасовно движење за време на полицискиот час

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска преку статус на Фејсбук објави дека на активистите за благосостојба на бездомните животни ќе им биде овозможено да излегуваат од дома два часа во текот на полицискиот продолжен викенд.

„Почитувани активисти за правата на животните !!!

Би сакал да Ве изветам дека на денешната седница на Државниот кризен штаб, донесовме одлука, да за времетраење на претстојниот викенд и се’ додека општо трае полицискиот час, активистите за благосостојба на бездомните животни, да можат по два часа дневно да се движат со цел да може да се нахранат бездомните животни. За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до утре 16.04. до Министерството за администрација и информатичко општество да достави заверен список – барање со потребните податоци содржани на веб страната) од по 5 активисти од секое здружение, кои ќе добијат дозволи за времено движење во текот на полициски час (и после викендот), а со цел да се нахранат бездомните животни“.