Свет
29. September 2016 - 14:57

Шилдо: ЕП губи авторитет и доверба бидејќи се меша во внатрешните работи на државите од ЕУ

Европскиот парламент губи авторитет и доверба занимавајќи се со внатрешни проблеми на државите, а не со прашања што ја засегаат Европската унија, изјави денеска полската премиерка Беата Шидло.

– Бриселските елити не направија заклучоци од брегзит. Во ЕУ сега има сериозни проблеми поврзани со излегувањето на Британија од Унијата, со миграциската и други кризи, а Европарламентот се занимава со измислени теми. Тоа не убедува во неопходноста за промени во договорот и од реформи во ЕУ, нагласи Шидло.

Со тоа, таа ја коментираше одлуката на ЕП да разгледа следната недела состојба со почитување на правата на жените во Полска заради нов нацрт-закон во Варшава со кој се забрануваат абортусите и се воведува казнена процедура за тоа.