Шестмина загинати во судири меѓу демонстранти и полиција во Мексико
Шест лица загинаа во жестоките судири меѓу демонстранти и полицијата во јужната мексиканска сојузна држва Оахака.
Во инцидентот се повредени уште педесетина лица, меѓу кои има и поголем број полицајци.
Судирите избувнаа откако полицијата била испратена од локалните власти за да ги ослободи блокираните патишта на југот на земјата, по протестот што го организираа две синдикални организации..
Синдкалните активисти поставиле препреки на патиштата, запирајќи го целиот транспорт, вклучувајќи ја и дистрибуцијата на нафта од локалната рафинерија.
Во текот на полициската операција за отсранување на блокадата, демонстрантите настојувале да ги попречати силите на редот да ги ослободат патиштата.
Полицијата тврди дека во тие моменти, засега непознати лица, отвориле оган од двете страни, при што биле убиени и ранети на голем број лица.
Според соопштението на локалната полиција, полицајците што учествувале во деблокадата на патиштата, не биле вооружени.
Организаторите на блокадата и протестите се две синдикални организации, познати по својата агресивност, кои ги покренале затоа што нивните лидери биле уапсени од полицијата.
Овие две синдикални организации се противат на реформите во образованите кои ги најави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нето уште во 2013 година, .
Најголем дел од учесниците на протестите во Оахака биле локални учители.
Полицијата трага по лицата кои отвориле оган во текот на судирите меѓу полицијата и демонстрантите, а медиумите јавуваат дека локалната рафинерија претходно се заканлила дека ќе ја запре испораката на гориво, доколку не се расчистат патиштата.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден