-->
-->
Шестмина загинати при уривање на зграда на Канарските Острови
-->
Најмалку шест лица загинаа, а три други се повредени при уривање на четирикатна станбена зграда во градот Лос Кристијанос на шпанските Канарски Острови, кои се наоѓаат крај северозападниот брег на Африка.
Според локалните власти, досега од под урнатините на зградата биле извлечени телата на четири жени и двајца мажи. Акцијата во потрага на преживеани под урнатините, во која се вклучени и кучиња трагачи, проодлжува.
Причините за уривањето на зградата, која се наоѓа во близина на плажата во Лос Кристијанос на јужниот дел на најголемиот канарски остров Тенерифе, засега не се познати.
Локални жители во изјави за шпанските медими тврдат дека некои од станарите во зградата деновиве ги реновирале своите домови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата