Тенис
15. May 2022 - 20:03

Шести трофеј за Ѓоковиќ во Рим

Новак Ѓоковиќ  го освои првиот турнир по голготата во Австралија откако попладнево убедливо со 6-0 и 7-6 го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас со што по 6-ти пат триумфираше во Рим. 
Српскиот тенисер убедливо го доби првиот сет а во вториот се врати по водство на противникот од 4-1. Со оваа победа Ѓоковиќ потврди дека е подготвен за настапот на Ролан Гарос.