Шести ден салите во Прилепската болница се под клуч откако починала пациентка по направена киретажа
Шест дена се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение во Прилепската болница. Оттаму се земени брисеви и се испитува бактериолошката состојба. Ова го потврдуваат од прилепската градска болница „Борка Талески и од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Резултатите од земените брисеви се очекуваат деновиве.
Кети Смилеска, директорка на Прилепската болница објаснува дека сето се случува откако на Скопските клиники почина пациентка од Прилеп која имала компликации ден по извршена киретажа во болницата.
- Во понеделникот 52-годишна прилепчанка имаше киретажа во болницата и беше испратена на домашно лекување. Во вторникот пациентката се вратила во болницата со компликации со зголемена температура. Наредниот ден е испратена на Гинеколошката и на Инфективната клиника во Скопје каде починала. Од четвртокот се затворени операционите сали и се земени брисеви за испитување. До денес салите се затворени и се чекаат конечните резултати, објасни Смилеска.
Драгица Николоска, директорка на Центарот за јавно здравје потврди дека се затворени операционите сали на Гинеколошкото, Хируршкото и на Ортопедското одделение и дека се чекаат резултати од земените брисеви.
- Чекаме резултати од Институтот за јавно здравје и од микробиолошката лабораторија при прилепскиот Центар за јавно здравје. Резултатите ги очекуваме најдоцна до петок, рече Николоска.
Додека не стигнат резултатите од земените брисеви од операционите сали во Прилепската болница, тие ќе останат затворени.
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност