Шести ден протест против францускиот предлог
Пред владината зграда вечерва под мотото „Ултиматум не, благодарам“ почна шестиот по ред протест против предлог-преговарачката рамка за пристапните прговори на државава со ЕУ, предложена од Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни годинава. Според најавите, од Владата протестот ќе продолжи со марш до Министерството за правда, а ќе заврши пред Собранието.
-Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо пред Влада, преку Министерството за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието, соопштија од иницијативата „Ултимату-Не благодарам“.
Владата до Собранието доцна попладнето ја достави предлог преговарачката рамка, а според собраниската прес-служба, седница не е планирана за вечерва.
За време на вчерашниот протест против францускиот предлог беа повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица.
Ново на Сител
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот