Шестчлена банда од тетовско крадела се што ќе стигне, од цигари до автомобили
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ќ. (39), Д.И. (29), Р.А. (31), Д.Х. (39), Ф.А.(45) и Ќ.О. (69), сите од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела: седум „тешки кражби“, од кои три во обид, три „одземање на моторно возило“, две „кражби“ и едно дело „прикривање“.
Во периодот од април до јуни 2018 година на подрачјето на Тетово, прво и второпријавениот од куќи, колонијални продавници и патнички возила одзеле златен накит, пари, мобилни телефони, цигари и други производи.
После тоа, дел од предметите ги продале на четврто, петто и шесто пријавените кои знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела. Ј.Ќ., исто така, одзел и три патнички возила кои биле оставени со клуч на бравата, по што две возила продале во отпад, а едното го оставил на улица.
Со ваквите дејствија пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 537.500 денари.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера