Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“
Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Костарика, Мексико, Португалија и Словенија создадоа „Глобална коалиција за среќа“, беше соопштено на Шестата светска владина средба на врвот во Дубаи, посветена на прашања за ефективно државно управување и воведување на современите технологии во различни сфери на животот.
На престижниот форум учествуваат повеќе од 4.000 делегати од 140 земји, вклучувајќи и лидери на меѓународни организации, претставници на раководствата на водечки научно-технички структури и на технолошки корпорации од цел свет.
На церемонијата по повод потпишувањето на договорот за создавање на Глобалната коалиција за среќа присуствуваше и премиерот на Обединените Арапски Емирати и управникот на емиратството Дубаи Мухамед бен Рашин Ал Мактум, под чие покровителство се одржува форумот. Документот беше потишан од министри од шесте земји.
- Светот има потреба од нови форми на коалиции, кои ќе работат за благосостојбата и среќата на народите. Дојде време да се обединат напорите на владите за формирање на нови пристапи и механизми, кои ќе дозволат да се постигне среќа за луѓето и да се подобри квалитетот на нивниот живот, изјави Ал Мактум.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и духот на македонската Република
-
Гаши: Ова е значаен празник за сите граѓани
-
2 Август Илинден - 121 година Илинденско востание и 80 години АСНОМ
-
Културно забавно пулсирање во Охрид за Илинден
-
Преглед на вестите од светот
-
Припадникот на ОВК баран со потерница оди во куќен притвор
-
Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип