Македонија
17. September 2022 - 16:35

Шест странски компании ги презентирале можностите за градба на новиот Клинички центар

Дали грчка, австриска, израелска или германска фирма ќе го гради новиот Клинички центар? Во Министерството за здравство изминатиот период 6 странски компании кои се занимаваат со градежништво презентирале концепти за изградба, финансирање и обука на стручен и административен кадар. Министерот Беким Сали во изјава за Сител вели дека сакаат да соберат искуства и да го изберат најдобриот модел и начин на изградба на комплексот кој 15 години е само на хартија и никако да бидат удрени темели.

-работната координативна група имаше повеќе состаноци со меѓународни компании. Тоа да бидам искрен беа певеќе информативн исостнаоци од компании кои во своето портфолио имаат стотици вакви проекти што ги граделе и да собереме информации и искуства кој модел на нас најмногу ни одговара и можеби ќе најдеме таков што до сега не бил реализиран, вели Беким Сали министер за здравство.

Здравствените власти немаат дефинирано дали ќе изберат една од компаниите кои го посетиле министерството. Но кој и да го гради, според критериумите на МЗ, ќе биде на локацијата Велеполе.  За Беким Сали новиот клинички центар е приоритет, но ќе биде реализиран кога ќе имаат пари.

-се трудиме да изнајдеме начин, можеби финанскиски пакети кои ќе вклучуваат јавно општествен интерес кај инситтуции кои би донирале и еден дел задолжување на владта кај друга влада односно некоја наша пријателска земја, вели Сали.

За Велеполе кој беше и избраната локација на претходниот мниистер Филипче, имаше многу критики и блокади од опозицијата во собранието. Годинава на маса како можни сценарија се најдоа и касарна Илинден и ГОБ 8ми септември, но критериумите најмногу одговарале за местото во Ѓорче Петров.

Од 2009 досега на сите министри за здравство приоритет им беше нов клинички комплекс, но никој не удри темели. Додека граѓаните го чекаат тој момент, во поголем број клиники имаше и има реновирање за да можат да даваат соодветни услуги.