Шест сообраќајки во Скопје, три лица лесно повредени

Tри лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот во Скопје. Во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и четири возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач поминал на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, седум возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, седум возачи за не носење појас и 33 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.
Од сообраќај биле исклучени вкупно девет возачи, од кои еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 11 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 110 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 74 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Љубен Лапе“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром со ученици од второ одделение во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
