Шест сообраќајки во Скопје, едно лице полесно повредено

Едно лице е полесно повредено во една од вкупно шест сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција вчера санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 19 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се 56 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 74 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи, кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата
Ново на Сител
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
