Живот
19. September 2015 - 11:29

Шест најчести митови за човечкото тело

Национална географија - Вашингтон

Дали навистина ни требаат осум чаши вода дневно и дали честото бричење го забрзува растот на влакната?

Некои работи во медицината се знаат и тука нема место за расправа. Треба да се пијат околу осум чаши дневно и да се чуваме од слабо светло, бидејќи го расипува видот. Не треба често да се бричиме, бидејќи тоа го забрзува растот на влакната, а добро би било и да ги прошируваме видиците, бидејќи луѓето користат само 10 отсто од мозокот. Ова не е точно.

Барем така тврдат експертите од Универзитетот во Индијана, САД. Во истражувањето за најчестите медицински заблуди посебно внимание посветиле на тие за кои луѓето мислат дека се точни, па некако и се вброени во репертоарот на медицинските заблуди кај голем број на лекари. Во лекарските ординации постојат шест погрешни здравствени совети, сметаа во Универзитетот во Индијана.

1. Читање на слаба светлина го расипува видот

Ова верување веројатно произлегло од фактот дека очите се напрегаат во полутемница. Читањето во такви услови е непријатно, бидејќи потешко се изострува видот. Помалку и се трепка, па очите стануваат суви. Сепак, освен непријатноста, ова не предизвикува потешки последици.

2. Бричењето прави влакната да растат побрзо и да бидат потемни

Наспроти општото верување дека ова е точно, уште во 1928 година е утврдено дека бричењето нема влијание на брзината на растот на влакната, како ни на нивната боја. Ова го потврдуваат и нови истражувања, а свежата коса е малку потемна бидејќи не била или кратко била изложена на сонце.

3. Косата и ноктите растат по смртта

Иако во филмовите често се добивало потврда, ова мислење не е точно. Растењето на косата и ноктите бара сложена хормонска регулација, која е можна само во живо тело. Заблудата веројатно настанала поради сушење и намалување на телото по смртта и така се создаваат оптички илузии.

4. Луѓето користат само 10 отсто од мозокот

Познатата теза многумина ја припишуваат на Алберт Ајнштајн, иако нема пишани траги за тоа дека токму тој ја изрекол. Извесно е дека овој мит постои дури од 1907 година, а од тогаш често го спомнуваат заговорниците за постојана работа на себе. Сепак, многу истражувања покажале дека луѓето користат многу повеќе од една десетина од мозокот. – Тестови покажале дека практично не постои дел од мозокот кој е целосно тивок и не се користи, се наведува во трудот на експертите од Индијана.

5. Треба да се пијат најмалку осум чаши вода дневно

За оправданоста на овој совет не постојат научни докази, но често може да се прочита во печатот. Заблудата веројатно настанала од погрешно претставениот факт дека на возрасен човек му требаат околу 2,5 литри вода дневно. Сепак, водата освен во чаша се внесува и со храната, а ја има и во соковите, чаевите, па дури и во кафето.

6. Мисиркиното месо луѓето ги прави поспани

Овој мит е изваден од податокот дека месото од мисирка содржи триптофан, аминокиселина која влијае на расположението и на спиењето. Неволјата е во тоа што во мисиркиното месо нема голема количина на триптофан. Имено, исто толку киселина која успива има и во пилешкото и во говедското, а во свинското месо и сирењето ја има дури уште повеќе. Заблудата потекнува од тоа што мисиркиното месо најмногу се јаде за празници, како дел од богат оброк, а потоа чувството на поспаност е вообичаено. Бидејќи варењето ја троши енергијата.