Шест лица во тетовско приведени поради дрога

Полицајци од Тетово нашле кокаин кај три лица, а притоа едниот од нив се обидел да ја фрли дрогата и нападнал еден од службениците. Настанот се случил синоќа околу 21 часот на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово.
– Од слобода се лишени Е.Н. (32) и К.Б. (30), двајцата од тетовското село Порој и С.Ч. (21) од Република Албанија. Притоа, 32-годишникот од Порој се обидел да го фрли кокаинот, а потоа и нападнал еден полициски службеник. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Неколку часа подоцна, поточно дваесетина минути по полноќ, во тетовското село Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 29-годишниот тетовец Л.М, а во кое се наоѓале и А.Ј.(33) од Голема Речица и Б.Џ. (28) од Тетово.
Откако е извршен преглед врз нив и на возилото пронајдена е марихуана, тројцата се лишени од слобода и се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
