Македонија
8. October 2018 - 17:51

Шест години затвор за Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“

Со прилагодување на тендерските спецификации за набавка на блиндираниот мерцедес обвинетата Гордана Јанкулоска го сторила кривичното дело злоупотреба на положбата. Ова во образложение на затворската казна од шест години го наведе судијката Добрила Кацарска која наведе оти предмет на процесот не била потребата туку начинот на кој е набавено возилото.

Екс министерката за внатрешни заработи и дополнителна мерка на претпазливост. По барање од специјалното обвинителство, судот и забрани на Јанкулоска да го напушта Скопје.. За одбраната, ова е несоновано.

Јанкулоска не ја слушна пресудата, таа беше на рочиште за предметот Таргет – Тврдина. Најави жалба на одлуката на судот.

Во предметот ТЕНК, на затворски казни осудени се уште екс премиерот Никола Груевски и помошник министерот во МВР Ѓоко Поповски.