Балкан
8. December 2015 - 13:52

Шест деца се удавиле во Егејско Море во близина на турското крајбрежје

Шест деца, меѓу кои и едно бебе, се удавиле во Егејското Море во близина на турското крајбрежје откако се превртел чамецот со кој се превезувале.

Крајбрежната стража спасила петмина мигранти од морето, а две лица се водат како исчезнати. Тие и покрај невремето се обиделе од турското летувалиште Чешме да преминат на грчкиот остров Кос.

Турција и Грција се земјите преку кои илегалните мигранти се обидуваат да пристигнат до државите во западна Европа.