Шест автори во Скопје на резиденцијалната програма „Апсолутно модерен“
Нови шест автори ќе престојуваат во Скопје во рамки на резиденцијалната програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, која неколку години ја организира издавачката куќа „Готен“ под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.
Меѓународното жири избра оваа година во Скопје да престојуваат истакнати автори од регионот со богати резимеа, за чие гостување во македонскиот културен живот постои силен интерес кај читателската публика.
Тоа се Наида Мујкиќ (Босна и Херцеговина) – поетеса и филмска критичарка, Антон Баев (Бугарија) – писател и колумнист; покренувач на неколку онлајн-весници и други иновативни книевни содржини, Мухамед Баздуљ (Србија/Босна и Херцеговина) - писател и новинар истакнат по своите храбри политички ставови, Елифе Красники (Косово/Австрија) – писателка, феминистичка активистка и истражувачка од областа на општествените науки, Неџат Ибрахимовиќ (Босна и Херцеговина) – писател, книжевен и филмски критичар, сценарист и автор на документарни филмови и Ренато Баретиќ (Хрватска) – писател и новинар, основач на култниот фестивал „Причигин“ од Сплит.
Секој од авторите ќе престојува во Скопје по еден месец во текот на оваа година. Тие ќе работат на своите дела и ќе се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена градејќи контакти и развивајќи ја соработката со македонската книжевност и култура. Притоа, тие ќе дадат свој активен придонес во културниот живот во Скопје и други градови преку јавни настапи и учество во културни настани со што ќе ѝ бидат поблиску претставени на домашната читателска публика.
- Силниот интерес кој и оваа година беше пројавен со преку 50 пријави говори за одличното реноме на проектот и доказ дека Македонија е привлечна земја за авторите од регионот што уште еднаш ја потврдува потребата од постоење на ваква резиденцијална програма. Од биографиите и писмата на интерес може да се заклучи дека меѓу авторите доминираат оние кои веќе имаат добра соработка со македонските издавачи и автори, потоа книжевници кои по разни поводи престојувале кратко во Македонија и тоа им останало во добро сеќавање, но и автори кои сакаат да ја искористат можноста првпат да ја посетат земјата и да ја запознаат овдешната книжевна сцена, соопшти „Готен“.
Ново на Сител
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа