Шериф е четвртиот клуб што го победи Реал во ЛШ под водство на Анчелоти
– Екипата на Шериф Тираспол е четвртиот тим што го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите под водство на тренерот Карло Анчелоти. Молдавците за кои настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов, синоќа со 2:1 славеа сензационална победа на „Сантијаго Бернабеу“.
За прв пат, Италијанецот водеше клуб од главниот град на Шпанија од 2013 до 2015 година. Тогаш Реал во две сезони загуби само од Борусија Дортмунд (во четвртфиналето на Лигата на шампионите 2013/14, но се пласира во полуфиналето), Шалке (во осминафиналето од Лигата на шампионите 2014/15, но успеа да помине во четвртфиналето) и Јувентус (во полуфиналето на Лигата на шампионите 2014/15 кога беше елиминиран).
Така, Анчелоти на чело на Реал Мадрид загуби за прв пат во групата од Лигата на шампионите.
Во следното коло, Реал ќе се соочи со Шахтјор на 19 октомври.
По две кола во Д-групата, Шериф е прв со шест бода, Реал има три, Интер и Шахтјор освоија по еден бод.
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница