Шеќеринска: За секое семејство без приход 12.000 денари финансиска поддршка

Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5 денеска во Демир Хисар ја презентираше изборната програма на партијата.
Според неа, сиромаштија е проблем број еден кој мора да биде приоритет на државата, на институциите, на администрацијата и посочи дека во нивниот План за живот во Македонија имаат посебна Програма со мерки за семејствата коишто живеат во најлоши услови.
- За секое четиричлено семејство коешто нема никаков приход, државата ќе обезбеди 12.000 денари финансиска поддршка. Доколку приходот во семејството по различни основи е на пример 6.000 денари тогаш државата ќе додаде дополнителни 6.000 денари за во секое семејство да влегуваат најмалку 12.000 денари. На тој начин ќе ја намалиме сиромаштијата во Република Македонија, рече Шекеринска и побара поддршка од граѓаните на претстојните избори.
Ново на Сител
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
-

Продолжува судењето за „Пулс“ со сослушување сведоци
-

При претреси во Битола пронајдена дрога, уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
-

Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска оваа зима
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
-

Нормализиран сообраќајот на патот Удово - Валандово
-

Ѓорѓиевски објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“
-

Без струја делови од Аеродром и Шуто Оризари
