Македонија
30. October 2018 - 16:48

Шеќеринска: Скандирањата ,,Македонија е грчка‘‘ на воената парада во Солун не е во духот на пријателство

Она што се случи на воената парада во Грција не е во согласност со духот на Договорот од Преспа, со кој сакаме да ги промовираме добрососедските односи.

Вака вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска ги коментира скандирањата на учесниците во воената парада во Солун, кои со извици “Македонија е Грчка”, го одбележаа денот на борбата против фашизмот во присуство на грчкиот претседател и министер за одбрана, како и шефот на италијанската држава.

Шекеринска оценува дека и во Македонија и во Грција постојат групи кои се против Спогодбата од Преспа и кои Балканот го гледаат како зона на конфликти и судири

Токму заради наметнување на духот на пријателство и добрососедтво, смета Шекеринска, пораките од преспанскиот договор треба да бидат уште погласни, а она што е јасно е дека Владите во двете земји се вистински посветени во неговото спроведување.

Инаку министерката присуствуваше на промоцијата новите 125 професионални војници во АРМ во скопската касарна „Илинден“. Ова е втора генерација од вкупно 375 војници кои треба да ја засилат АРМ годинава. Третиот и последен конкурс за нови војници, како што најави Шекеринска, ќе биде објавен деновиве.