-->
-->
Шекил О'Нил со солзи во очите зборуваше за Коби: „Би сакал да му кажам нешто барем уште еднаш..“
-->

Шекил О'Нил вчера јавно за првпат зборуваше за смртта на својот некогашен соиграч и најдобар пријател Коби Брајант.
Со голема емоција и солзи на лицето, легендарниот центар го испрати трагично загинатиот кошаркар во вечноста.
- Последните неколку месеци беа тешки за мене. Ја загубив мојата сестра, а сега ова... Дознав кога еден од моите синови ми покажа на телефон што се случи. Не сакав да поверувам, па го избркав од вежбалницата. Но, потоа започнаа да пристигнуваат повиците и пораките.Овој момент ми кажува дека во животот не треба да се штедиме кога се во прашање најблиските. Фактот што нема да се шегувам повеќе со него, дека нема да зборува за неговите пет наспроти моите четири титули, дека нема да го слушнеме неговиот говор при влезот во „Куќата на славните“, што ќе беше ако останевме заедно... Би сакал да имам можност да му кажам само една работа барем уште еднаш...“ , гласеше пораката на Шекил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија