Шекеринска: Случувањата во Сирија ќе имаат влијание и врз Македонија и со зголемување на мигрантскиот притисок
Она што се случува на илјадници километри од нас, во Сирија, ќе има влијание и врз Македонија и со зголемување на мигрантскиот притисок, меѓутоа и со една глобална ситуација во светот која не им одговора на малите држави. Како држава се подготвуваме и за зголемување на мигрантскиот притисок врз границите.
Ова денеска го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“ во организација на Владата на Република Македонија.
- Она што се случува денеска уште од раните утрински часови во Сирија покажува колку е кревка безбедносната ситуација во светот и колку за жал темите од типот на мир и безбедност повторно стануваат главни теми. Тоа ни покажува и нам како мала држава колку ние важно да бидеме дел од системи за колективна безбедност, рече Шекеринска.
Посочи дека се подготвуваат и очекуваат во следните денови да имаат дополнителни разговори со Министерството за внатрешни работи и со сите други институции околу можни зголемувања на притисокот на границата.
- Но, дури и без нападот во Сирија јасно е дека притисокот врз границата постои. Не е така видлив како во 2015 година, но фактот дека пред некое време имавме околу стотина мигранти кои нелегално се обидуваат да ја поминат границата и за среќа без фатени покажува дека Македонија и регионот, практично треба да се навикнат дека ова ќе трае и дека мора да имаме систем кој ќе биде постојано активен, а не по потреба, рече Шекеринска.
Како држава, потенцира, го кажавме нашиот став во поглед на користењето на хемиското оружје по една друга тема, но, тоа е наш генерален став.
- Ние веруваме дека мир во светот е возможен и стабилен свет е возможен само ако ги почитуваме глобалните правила. Едно од тие глобални правила со консензус прифатени во светот е забраната за користење на хемиското оружје. Употребата на хемиското оружје во Сирија утре може да значи употреба на хемиско оружје секаде. Нашиот став беше јасен, принципиелен и дел од нашите стратешки определби, додаде Шекеринска.
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
