Шекеринска: Правдата и помирувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат

Правдата и помирувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат. Пораката што ја испрати вчера премиерот беше токму во таа насока дека на оваа држава и е неопходна правда, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со вчерашната порака на премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Собранието каде што се расправа за уставни измени дека сега е момент за помирување.
- Тоа го ветивме и тоа го работиме. И покажуваме дека власта не е таа што одлучува како треба да функционира правната држава, додаде Шекеринска.
Таа истакна дека Владата не се меша, ги почитува основните права, но во истовреме поделена држава не е држава која оди напред.
На новинарско прашање дали доколку се направи компромис со обвинетите за настаните од 27 април, всушност граѓаните со својот глас ќе го казнат премиерот и власта на следните избори, Шекеринска на прес-конференцијата на која што таа, министерот за надворешни работи Никола Димитров и координаторот за НАТО Стево Пендаровски информираа за почетокот на претпристапните разговори, нагласи дека политички најлесно е да се продолжи со поделбите.
- Секој кој ќе го нападне другиот политички профитира, меѓутоа покажавме и во случајот со нашиот однос со соседите и во однос на нашата ситуација дома дека сакаме да водиме грижа за државните, а не за нашите партиски интереси, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека има голем број теми околу кои политичарите може да имаат разлики, но оти има и теми за коишто е важно да се покаже заедништво.
Темата, додаде Шекеринска, за која што секогаш биле обединети граѓаните, но и политичарите е членството на Македонија во ЕУ и НАТО.
- Сега е момент да покажеме дека кога е најтешко и кога е најважно Македонија ги носи вистинските одлуки. Тука партиски и лични интереси не смеат да доминираат. Мислам дека премиерот беше многу јасен. Влеговме во оваа операција не за да успееме како личности и како партии, влеговме во сево ова за да успее нашата држава, истакна Шекеринска.
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
