Шекеринска по прогласувањето вонредна состојба: Развиваме сценарија за поинтензивно присуство на Армијата
До вчера единствен дополнителен ангажман на војската беше во кризните региони Дебар и Центар Жупа каде што Армијата целосно ја презеде границата со Албанија, но по воведувањето на вонредна состојба претседателот потпиша одлука за ангажирање на Армијата како поддршка на другите институции, пред се на полицијата, и ние веќе од денеска развиваме сценарија за многу поинтензивно присуство на Армијата. Оперативните штабови веќе работат на планови ако треба да и се асистира на полицијата во вршење на редовните контроли, рече утрово министерката за одбрана и член на владиниот Кризен штаб, Радмила Шекеринска во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
Министерката рече дека е проблем што многу наши граѓани бараа да влезат во државата, потпишуваат изјави за самоизолација, но кога си доаѓаат дома почнуваат да излегуваат, а токму тоа, како што додаде таа, е еден од најголемите ризици бидејќи голем дел се наши иселеници кои доаѓаат од високоризичните земји Италија, Германија, Швајцарија.
– Тоа е неодговорно и незаконско однесување. Ако граѓаните не ги применуваат мерките ние ќе воведеме поригорозни мерки. Ако некој не го почитува домашниот карантин, државата ќе мора да презема мерки, истакна Шекеринска.
Во врска со мерките на државата за справување со вирусот Ковид-19, министерката рече дека Владата се подготвува и за сценарио со поголем број заразени граѓани.
– Ние мораме да бидеме подготвени на сценарио во кое повеќе луѓе ќе се заразуваат, повеќе луѓе ќе имаат потреба од болничко сместување и повеќе луѓе ќе имаат потреба дури и од респиратори. Во еден момент болничките ресурси ќе се чуваат исклучиво за луѓе кои што ќе имаат потреба од дополнителна асистенција и ако затреба и дополнителни респиратори. Сите ресурси ги зголемуваме, истакна Шекеринска во „Утрински брифинг“.
Ново на Сител
-
Додик за распишаната меѓународна потерница: Продолжува злоупотребата на судството за политички цели
-
Вкупно 736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден, 109 за брзо возење
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги штити своите работници, бизниси и потрошувачи од американските царини на возилата
-
За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд
-
Кина ја отфрли понудата на Трамп за царински олеснувања во замена за продажба на ТикТок
-
Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план
-
Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции
-
Уапсен 55 годишник од Куманово, при претрес пронајдени се дрога, остри предмети, пушка и куршуми