Шекеринска: НАТО е приоритет не заради ситни политички поени, туку заради крупните политички цели
НАТО интеграцијата е приоритет не заради ситни политички поени, туку заради крупните политички цели кои не се измениле во овие три децении, потенцира вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната конференција на тема „НАТО интеграцијата - предуслов за безбедност и развој“, со која и формално се означува почетокот на петнаесет неделна школа на која учесниците ќе се запознаат со прашања врзани со безбедноста, одбраната и интеграциите во НАТО.
Со членството во НАТО, подвлече, Македонија пристапува кон сојуз кој се базира на вредности - владеење на правото, демократски принципи и демократски начела во владеењето.
- Очигледно дека овој сет на вредности и правила не им одговараат на сите во Македонија. Одговорноста и отчетот за своите дела нема на сите да им биде пријатно да ги преземат, па затоа овој процес постојат луѓе кои го напаѓаат и го дискредитираат, изјави Шекеринска.
Посочи оти граѓаните на РМ дадоа силна поддршка за промени во државата кои ќе ги подразбираат токму овие вредности и принципи.
- Ние врз основа на таа доверба обработивме, понудивме различни решенија и заради тоа денес Македонија е земја со НАТО покана, со датум за почеток на преговори со ЕУ и со закажан референдум. Референдумот му дава моќ на секој од нас да се изјасни, но тој создава и одговорност за секој од нас, порача Шекеринска.
Дипломатската офанзива што ја спроведовме кај нашите партнери во изминатата година, посочи во обраќањето Шекеринска, големиот опсег на реформи дома, не само во одбранбениот сектор, пред се во политичкиот сектор, како и затворањето на сите отворени прашања со нашите соседи, се вистински доказ дека Владата навистина смета оти НАТО интеграцијата за Македонија е предуслов за безбедност и за развој.
Говорејќи за безбедносните закани, таа меѓу другото потенцира дека денес непријателот во најголем број случаи, нема ниту лице, ниту знаме, ниту потпис. Насилниот екстремизам, подвлече, ги напаѓа земјите од внатре, манипулира со најранливите категории и ги злоупотребува маргинализираните.
- Сајбер заканите, дезинформациите и пропагандата се уште еден од обидите да се поткопаат темелите на демократијата, да предизвикаат поларизација во општеството. Сами против ова потешко ќе се бориме, и сами против овие ризици не е мудро да се поставиме. Затоа сметам дека членството во НАТО дава одговор и на новите предизвици и актуелните безбедносни ризици, рече министерката за одбрана. Не е лесно, истакна, да се борите против лагите и дезинформациите, затоа што денес во медиумскиот простор е многу поважно да бидеш прв, отколку да бидеш во право.
Според неа, НАТО со тек на времето стана синоним за стабилност, безбедснот, но и економски просперитет.
На учесниците на школата, Шекеринска им порача дека критиките се потребни и не прават подобри, но кога се критикува еден државен проект зад кој застанало огромно мнозинство на граѓаните на РМ во сите изминати периоди, без да се понуди алтернатива, тоа, истакна, не е чин на одговорност кон сопствената татковина.
Порача дека дека изборот на 30.септември не е прашање на историја, туку е прашање на иднината.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец
-
Мицкоски: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места