Шекеринска: Македонија може да добие фер и демократски избори
Опозицијата излегува со предлози заради тоа што сметаме дека оваа криза мора да се разреши, изјави потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во однос на денешните билатерални средби на претставниците на политичките партии од претставниците на ЕУ и САД.
На средбата соопштиле некои од нивните иницијативи и предлози, меѓутоа, укажа, немале можност да ги споредат. Претпоставувам дека на ваков начин повеќе ќе се одвиваат состаноците во следниов период, изјави Шеќеринска.
Одговарајќи на новинарски прашања наведе дека постојано зборуваат да се намалат казните за медиумите. Се уште не стасале до разговори за датум за избори, заради тоа што, како што рече, прво мора да се договориме како ќе се исполнат условите. А дури потоа кој ќе биде денот на изборите. Ние сметаме дека пакетот треба да даде одговор и на двете прашања. Како да дојдеме до фер и демократски избори, и второ кога тие избори да се случат, изјави Шекеринска.
Сметаме, оцени, дека Македонија може да добие избори, и во релативно кус период, а кои ќе бидат фер и демократски избори. - Секоја политичка партија сега има шанса да покаже дали навистина е за фер и демократски избори или само сака да глуми такви избори, изјави Шекеринска.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација