Шекеринска: Интеграцијата во НАТО врвен приоритет на Македонија
- Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со парламентарниот државен секретар во германското министерство за одбрана Ралф Брауксипе посочила дека интеграцијата на Македонија во НАТО, е во врвот на приоритетите на Владата.
Како што информираат од Министерството за одбрана, Шекеринска додала дека членството на Македонија во Алијансата ќе покаже дека политиката на отворени врати на НАТО е жива и дека дава резултати.
- Само со интеграција на земјите-аспиранти во НАТО, регионот на Западниот Балкан и Балканот во целина ќе биде мирен, безбеден и просперитетен, рече министерката.
Шекеринска истакна дека демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и целосната транспарентност кон граѓаните се столбовите на кои треба да се развива секоја современа држава и додаде дека Република Македонија е посветена овие вредности да бидат реалност за сите нејзини граѓани.
Во Берлин денеска Шекеринска ќе се сретне и со Михаел Рот, државен министер за европски работи во Министерството за надворешни работи на Германија.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија
-

Укината забраната за тешки товарни возила на превојот Стража
-

Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се пружа интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
