Македонија
2. October 2023 - 19:52

Шефовите на сите безбедносни и разузнавачки агенции на состанок за проблемот со мечките во Маврово-Ростуше

Нема да биде прогласена кризна состојба на подрачјето на општина Маврово ростуше по напливот на кафеавите мечки. . Групата за проценка која ја сочинуваат највисоките разузнавачки служби донела заклучок дека не се исполнети условите за кризна состојба бидејќи граѓаните биле доволно заштитени со веќе постоечките мерки.

Ангелов вели дека не се планира отстрел на мечките, но доколку агресивна мечка го нападне населението, со дозвола на институциите истата ќе биде застрелана.

Од националниот парк Маврово велат дека двојно е зголемен бројот на мечки споредбено со лани. Причината за спуштањето на мечките во ниските делови на планината и меѓу населените места е сушата и немањето на доволно храна.

Жителите од Маврово Ростуше се пожалија на штетите кои ги прават мечкитеи побараа  владата да прогласи кризна состојба. Мештаните реагираа дека нивните животи секојдневно се во опасност. Според министерството за земјоделство, решението треба да се бара во нов Закон за лов и дивеч. Проблемот е комплексен поради тоа што станува збор за Национален парк, а мечката како диво животно е заштитено и ловот е трајно забранет.

Од здруженијата за заштита на животните Бараат и поголема едукација на населението