Шефот на руската тајна служба смета дека е циничен ставот на ЕУ за Северна Македонија

Директорот на руската надворешно-разузнувачка служба Сергеј Наришкин денеска во Белград изјави дека ставот на Европската Унија за отворањето поглавја со Северна Македонија е циничен.
Како што јави дописникот на МИА, Наришкин гостувајќи на РТС, одговарајќи на прашањето за одлуките на последниот самит на ЕК за Северна Македонија и Албанија, одговори дека „тоа е пример на недоследен, а често и циничен став на Европската Унија во однос на балканските држави.“
-Брисел ги покани двете држави во евроатлантските интеграции, пред сè во НАТО. Овие земји ги исполнија барањата на Брисел, ги исполнија тешките реформи и кога почна да се работи за ЕУ, Брисел им ја затвори вратата пред нос. Ова е навистина цинично, рече Наришкин.
Русија е свесна за силниот притисок што НАТО го врши врз Србија, за Српско-рускиот хуманитарен центар да не добие специјален статус и ова е уште една потврда на грубо мешање во внатрешните работи на суверена земја, изјави Наришкин.
На прашањето дали Русија останува на барањето за дипломатски статус на персоналот во Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш – исто како што членките на НАТО го уживаат во Србија од 2016 година, Наришкин рече дека тоа не е барање.
-Ова не е барање, туку легитимна молба на руската Влада според традицијата по која ист статус имаат голем број западни мисии во Србија, кажа Наришкин.
Коментирајќи ја ситуацијата на Балканот, главниот руски разузнавач изјави дека е многу напната, пред се поради повратниците кои се бореа на страната на терористичките организации.
Според него, меѓународниот тероризам е голема заедничка закана за Србија и Русија.
-Затоа безбедносната состојба е многу сложена, и во Србија и во Русија. Разменуваме аналитички проценки на состојбата во областите на нестабилност. Спроведуваме сложени заеднички операции за да ги заштитиме легитимните надворешни српски и руски интереси, рече тој.
Наришкин, кој е во Србија по повод Денот на српската Безбедоносно информативна агенција (БИА), исто така ја коментираше соработката помеѓу српските и руските безбедносни служби, наведувајќи дека таа е партнерска и се однесуваа на информации за плановите и за финасирањето на тероризам.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
-

Кариерен ден што ги отвора вратите за младите
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
