Шефот на италијанската дипломатија Ди Мајо денеска во Скопје
Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска ќе престојува во во официјална посета на Република Македонија.
Ди Мајо ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, по што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.
Централно место во разговорите, како што соопштуваат од МНР, се очекува да биде иднината на процесот на проширување на Европската Унија, по презентирањето на новата методологија на ЕУ и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите на Македонија во тој контекст.
На средбите ќе бидат разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка.
Ново на Сител
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок
-
Преглед на вестите од светот
-
30 години Сител со К-15
-
30 години Сител со Куманија
-
30 години Сител со Лазе Паковски
-
30 години Сител со Тони Михајловски
-
30 години Сител со Коле Ангеловски
-
30 години Сител со Лила Филиповска