Шефот на германската дипломатија ги спореди САД со змија
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, побара од Европската унија да се откаже од принципот на едногласно донесување одлуки за да не се најдат нејзините членки „како зајаци пред змија" поради санкциите воведени од САД.
Мас во интервјуто за Билд го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп за изјавата дека ЕУ е непријател на САД.
- Во случај на економски санкции или воведување царини, не треба да седиме како зајаци пред змија, нагласи германскиот министер.
Тој увери дека Европа не е поделена, потсетувајќи на единствената реакција на Унијата за воведувањето на царини на САД и повлекувањето на Вашингтон од иранскиот нуклеарен договор.
Мас, исто така, ја нагласи потребата за промена на начинот на кој се носат важни одлуки за надворешна политика на ЕУ, бидејќи сегашното правило за едногласно донесување одлуки, според него, доведува до зголемување на тензиите во самата Унија.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени