Шефот на дипломатијата Османи на министерски состанок на ПСЈЕ во Солун
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре на 10 јуни 2022 година ќе учествува на Состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа во Солун, по што ќе следи самитот на ниво на шефови на држави или влади.
Како што соопшти МНР, на министерскиот состанок ќе се разговара за статусот на регионалната соработка како и влијанието на моменталните меѓународни случувања врз динамиката во регионот на Југоисточна Европа.
Истовремено, министрите за надворешни работи ќе ја одобрат заедничката декларација на самитот како и годишниот извештај на Советот за регионална соработка, се додава во соопштението.
На маргините на состанокот на предвидено е министерот Османи да оствари бројни билатерални средби со свои колеги од земјите во регионот.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
