Шефот на ЦИА во тајна посета на Украина
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс неодамна бил во тајна посета на Украина каде што се сретнал со претставници на украиснките служби и со претседателот Володимир Зеленски, објави „Вашингтон пост“.
За време на посетата, Барнс го потврдил американското ветување дека ќе споделуваат разузнавачки информации за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјавил неименуван американски функционер, пренесува Бета.
Според „Вашингтон пост“, украинските власти ги претставиле плановите за враќање на териториите окупирани од руските сили и очекувањата да започнат преговори за прекин на огнот до крајот на годината.
Патувањето на Барнс во Киев било пред бунтот на руската паравоена група Вагнер на 24 јуни.
„Вашингтон пост“ ги пренсува и тврдењата на американските официјални претставници дека САД немале никаква улога во бунтот на Вагнер. Главните американски медиуми во петокот објавија дека Барнс по побуната на Евгениј Пригожин му телефонирал на шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин за да го увери дека САД не се вмешани во тој настан.
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители