Шефилд Јунајтед привлекува напаѓач на Ливерпул
Шефилд Јунајтед е близу до привлекување на напаѓачот на Ливерпул, Рајан Брустер за 17 милиони фунти. 20-годишникот има желба да го напушти „Енфилд“ за да игра редовно.
„Црвените“ првично немаа намера да се разделат со Брустер, но по последните трансфери се подготвени да го пуштат. Сепак, тие сакаа да биде вклучена клаузула во договорот за да можат да го вратат доколку се развие доволно. Англискиот шампион се договори со Шефилд Јунајтед за таква клаузула, која ќе изнесува 40 милиони фунти.
Во втората половина од минатата сезона, Брустер играше на позајмица во Свонси и импресионираше со своите настапи во Чемпионшип дивизијата, постигнувајќи 11 гола на 22 натпревари.
Ливерпул сака да се раздели со други играчи, но досега не успеа во тоа. Иднината на Дивок Ориги, Џердан Шакири и Марко Груиќ е нејасна во оваа фаза.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
