Шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун ќе го промовира брендот „Македонија”

Да придонесе во промоција на брендот „Македонија“ е една од целите и задачите на шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, која денеска беше назаначена со одлука на претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретната функција ја презема поранешната пратеничка од Нова демократија, Мариа Андониу.
-Целта е канцеларијата на премиерот во Солун да добие суштинска улога и содржина, не само за контактите со граѓаните и справување со проблемите на градот, туку и во соработка со заменикот министер за Македонија и Тракија и локалните власти да придонесе во развојот на регионот и промоција на брендот Македонија, соопштуваат од кабионетот на Мицотакис.
На денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање дека кога претходникот на Мицотакис, Алексис Ципрас ја отвори канцеларијата на премиерот во Солун, Нова демократија сметаше дека е бескорисна канцеларија, министерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас, рече дека тогаш не постоеше „штетниот Договор од Преспа”.
-Многу работи се сменети од тогаш, а основното што е сменето е дека во меѓувреме дојде национално штетниот Договор од Преспа и како што знаете премиерот во неговата агенда ја стави заштитата на брендот Македонија и промоција на македонските производи секаде во светот. Сметаше дека е соодветно да се задржи оваа институција, рече Пецас и објасни дека шефицата на кабинетот на премиерот во Солун, ќе биде канал на комуникација меѓу премиерот со заменикот министер задолжен за Македонија и Тракија , со префектот со градоначалникот и со локалните власти во поширокиот регион на северна Грција за, како што рече, „да го имаме посакуваниот резултат”.
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на 29 август ќе биде во Берлин, а на агендата, како што рече Пецас, во одговор на прашањето на МИА, ќе бидат сите билатерални и европски теми, рефроматорскиот план на Грција.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
